Само 3,4% од вработените во земјава се со скратено работно време

7

Фото: Pixabay

Едвај 3,4% од вработените во земјава, на возраст од 20 до 64 години, лани работеле со скратено работно време, покажуваат податоците на Еуростат.

Во рамки на Европската унија, тој процент е 18,5%, а го сочинуваат 8% мажи и 30,8% жени кои работат со неполно работно време.

Земја која е лидер по овој основ е Холандија со 46,8% вработени на скратено работно време. Зад нејзе е Швајцарија со 38,5%, додека првата тројка ја заокружува Австрија со 27,6%.

Земји во коишто е многу мал процентот на вработени со скратено работно време се: Бугарија (1,8%), Црна Гора (4,6%), Словачка (4,8%), Хрватска (4,9%).