
Само еден аеродром од поранешна Југославија влезе во топ 100 најфреквентни во Европа.
Станува збор за белградскиот аеродром Никола Тесла, покажуваат податоците на Меѓународниот совет за аеродроми (АЦИ) за 2022 година.
Со 5.610.364 превезени патници се најде на 81. место во Европа, пред Рига, Тирана, Белфаст и Луксембург, но зад Софија, Солун и Малта. Значајно е што во текот на втората половина на 2022 година беше рангирана на 76-то место на континентот со опслужени 3.468.058 патници, надминувајќи ја Софија и веднаш зад Солун со 3.499.838 патници, објави Ex-Yu Aviation News.
Инаку, најфреквентен европски аеродром минатата година беше Истанбул со повеќе од 64 милиони патници.
Aеродром Ранг
Белград 81 место
Загреб 114 место
Приштина 117 место
Сплит 119 место
Дубровник 129 место
Скопје 130 место
Сараево 148 место
Подгорица 153 место
Задар 157 место
Љубљана 159 место