Само осум земји во Европа со ААА кредитен рејтинг

20

EFSF - DowngradingНајвисока оценка за кредитен рејтинг ААА во Европа имаат само уште осум земји, според проценките на трите највлијателни рејтинг агенции Moody’s, Fitch и Standard & Poor’s.

Швајцарија, Данска, Норвешка и Шведска се оценети со стабилна перспектива, а Германија, Финска, Луксембург и Холандија имаат негативна перспектива.

Во 2012 и оваа година, Франција, Велика Британија и Австрија го изгубија “тројното А“.

Во светот само уште Австралија, Канада и Сингапур имаат највисока оцена на кредитниот рејтинг според овие бонитетни агенции.