Само што го купил – Tesla модел S Plaid се запалил при возење

90

Електричен автомобил Тesla модел S Plaid, се запалил при возење во САД, само три дена откако ова возило, за кое биле платени 129.900 долари, му било доставено на сопственикот.

Сопственикот, инаку претприемач, управувал со автомобилот кога возилото се запалило и не можел на почетокот да излезе од автомобилот затоа што откажал електронскиот систем на врата, што го принудило да употреби сила при отворање, изјави адвокатот на сопственикот на автомобилот, Марк Герагос.

“Тоа беше болна и застрашувачка сцена. Ова е сосема нов модел… Ние истражуваме. Апелираме S Plaid да не биде пуштен за сообраќај, да не биде по патиштата додека не заврши истрагата“, рече Герагос.

Фото: Twitter