Само што стана најбогат во светот, а веќе размислува на кого да донира

41

Илон Маск е најбогатиот човек на светот. Сопственикот на компаниите Tesla и SpaceX е некој кој верува само во “богатство со смисла“, а фановите велат дека тој е можеби единствениот скромен милијардер, вистински филантроп кој пред сè размислува за доброто на човештвото, за правење и создавање на нешто значајно, пред да заработи огромни пари.

Во согласност со тоа е и неговиот твит од пред некој ден, во кој Маск пишува: “Критиката секогаш е високо ценета, како повратна информација, исто како и начините за донирање пари, но оние начини што прават разлика“.

Маск дури и не “стигна“ да се пофали со успехот забележан во 2020 година, туку веднаш ги сподели со своите следбеници своите размислувања каде може да ги донира тие силни пари, односно барем дел од нив.

Маск не е единствениот милијардер кој донира пари. Бил Гејтс и неговиот пријател Ворен Бафет се соосновачи на иницијативата Giving Pledge, која ги охрабрува ултрабогатите да донираат барем половина од своето богатство, а тие самите дадоа десетици милијарди во готово и акции.

Дури и Џеф Безос, до вчера најбогатиот човек на планетата и сопственик на Аmazon, кој беше критикуван дека навистина не се истакнува како филантроп, го зголеми својот ангажман на тоа поле.

Фото: Facebook