Само Швајцарија не отстапува од отворање на ски центрите

94

Сите дестинации за скијање и зимски спортови во Европа ќе останат пусти, освен швајцарските, бидејќи тие не се откажуваат од својата национална гордост.

Европа повторно ја подели пандемија, овој пат во врска со отворање на ски сезоната и ски центрите. Засега единствената алпска земја што не ги затвори своите скијачки центри за туристи е Швајцарија, додека другите земји го сторија тоа целосно или делумно.

Франција, Шведска, Норвешка и Финска го сторија тоа. Австрија првично најави дека ќе продолжи со сезоната, но подоцна се откажа поради притисокот од Европската унија. Како што истакнува Лоран Ванат, консултант за ски индустрија, секоја година, скијањето во Европа носи 34 милијарди евра приход, што е половина од вкупниот светски приход од овој спорт.

Практично сите земји ја затвораат зимската сезона, односно се откажуваат од неа, сите освен Швајцарија, која во планинското одморалиште Вербиер најавува нормално функционирање на сите туристички капацитети, од жичарници до ресторани и хотели. Туристите ќе мора да се придржуваат до одредени мерки, како што се носење маски и социјално растојание во сите објекти.

Фото: Freepik