Целосно затворени граници за меѓународен туризам од први јуни во светот имаат 29% од светските дестинации, поголемиот дел од нив се мали островски земји во региони на Азија и Тихиот океан, додека за туристи без никакви ограничувања отворени се само три дестинации и тоа Албанија, Доминиканска Република и Костарика, покажуваат податоците на Светската туристичка организација (United Nation World Tourism Organization – UNWTO).
Официјалните податоци покажуваат дека од први јуни оваа година меѓу 29% од целосно затворените одредишта за меѓународен туризам поголемиот дел од нив се затворени од мај минатата година или порано.
Една од три или околу 34% од сите дестинации во светот се повторно делумно затворени, а 36% бараат негативен резултат на тест за Ковид-19 при пристигнување, во некои случаи и во комбинација со барање за карантин.
Сепак, поради појавата на нови соеви на вирусот, 42% од одредиштата во светот вовеле и посебни ограничувања за посетители од земји со поголем број заразени, преку укинување летови и затворање граници до задолжителен карантин.
Меѓу светските региони, според податоците на UNWTO, Европа од први јуни била регион со најмалку затворени одредишта, само 13%, за разлика од Азија и Тихиот океан каде за меѓународен туризам се затворени скоро 70% од дестинациите.
Во северна и јужна Америка за меѓународни туристи се затворени 20% од дестинациите, во Африка 19%, а на Блискиот исток 31%.
Фото: Pexels