Само вакцинираните можат да се качат во авион: Нова реалност за меѓународните патници

46

Извршниот директор на авиокомпанијата Qantas, Алан Џојс рекол дека луѓето кои сакаат да летаат со нив ќе мора да докажат дека примиле вакцина против коронавирусот пред да влезат во авион.

Шефот на овој австралиски авиопревозник исто така смета дека доказот за вакцинација ќе биде општо барање на многу авиокомпании кога после пандемијата сè ќе почне да се враќа во нормала.

Џојс претходно изјавил дека летовите нема да продолжат да летаат како порано се додека не биде достапна сигурна вакцина за персоналот и патниците, но и нагласил дека вакцинацијата ќе стане задолжителна за сите кои сакаат да патуваат со авион.

Иако некои луѓе што се противат на вакцинирањето можеби ќе претпоставуваат дека ќе можат да летаат со други авиокомпании, Џојс верува дека ова правило ќе го применуваат сите, не само Qantas.

“По разговорот со бројни колеги, мислам дека тоа ќе биде вообичаена работа во другите авиокомпании ширум светот“, додава тој.

Доколку вакцините бидат успешни, Џојс изјавил дека очекува меѓународните патувања да се вратат приближноп до нормално до крајот на 2021 година.

Фото:Freepik