Само во БиХ: Стечајни управници отишле во стечај

21

Луѓе што управувале со стечајните постапки во Босна и Херцеговина и самите се најдоа во стечај, пишува Индикатор.ба.

Општинскиот суд во Сараево отворил стечајна постапка против Здружението на стечајни управници во БиХ.

Стечајната постапка беше покрената на рочиштето одржано на 11 септември, на барање на Здружението на стечајни управници.

Доверителите се поканети да ги пријават своите побарувања до судот во рок од 30 дена од денот на објавувањето на отворањето на стечајната постапка.

Рочиште за испитување на побарувањата е закажано за 23 ноември годинава, пишува порталот.

Фото: Freepik