Само за една недела повеќе од 3,3 милиони Американци останале без работа

69

Повеќе од 3,3 милиони Американци поднеле барање за надомест за невработеност минатата недела, што е најголем број досега за една недела, според Министерството за труд на САД.

Според официјални податоци, ова е драматичен пораст во однос на неделата пред тоа, кога 281.000 луѓе побарале бенефиции за невработеност.

Ова е најголемата бројка регистрирана досега, а претходниот рекорд беше поставен во октомври 1982 година, кога во една недела 695.000 луѓе се пријавиле како невработени.

“Во целата историја на доставување на вакви барања, немало приближно ваква бројка“, рече Бен Херзон, извршен директор на IHS Markit, компанија за деловна политика и аналитика.

Економистите предупредуваат дека во наредните недели без работа ќе останат милиони Американци.

Фото: Pixabay