Samsung доби милијарди долари од американската влада за да ја прошири фабриката за чипови

11

Американската влада објави дека одобрила помош од 6,4 милијарди долари на јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung за проширување на фабриката за полупроводници во Тексас.

Помошта беше одобрена како дел од програмата што треба да го врати производството на полупроводници во САД и да ја обезбеди добрата позиција на најголемата светска економија во развојот на чипови за системи со вештачка интелигенција.

Во овој сектор во моментов доминира тајванскиот производител на чипови Taiwan Semiconductor Manufacturing Co (TSMC), кој ги произведува во Азија, но планира да гради фабрики и во САД и веќе има добиено 6,6 милијарди долари од Вашингтон.

Заедно со субвенцијата, подружницата на TSMC во Аризона ќе добие и пет милијарди долари поволни државни заеми. За возврат ќе ја зголеми планираната инвестиција за 25 милијарди долари, на 65 милијарди долари и ќе изгради трета фабрика во Аризона до 2030 година.