Јужнокорејскиот Samsung Electronics, најголемиот светски производител на паметни телефони, телевизори и мемориски чипови, ќе отпушти до 30 отсто од својата работна сила во странство во некои сектори, објави Ројтерс, повикувајќи се на тројца анонимни извори запознаени со ова прашање.
Според извештаите, Самсунг им наредил на своите подружници ширум светот да го намалат бројот на вработени во продажбата и маркетингот за околу 15 отсто, а бројот на вработени во администрацијата за 30 отсто, велат изворите.
Планот ќе биде спроведен до крајот на оваа година и ќе влијае на работните места низ Америка, Европа, Азија и Африка, изјави еден од изворите.
Оперативниот профит на Samsung Electronics скокна за цели 1.458 отсто на годишно ниво на приближно седум милијарди евра во вториот квартал на 2024 година, поттикнат од големата побарувачка за неговите напредни мемориски чипови клучни за компјутерите со вештачка интелигенција (ВИ), според CNBC. јавува Танјуг.
Samsung Electronics изјави дека продажбата на нивните паметни телефони се намалила во вториот квартал од 2024 година, особено во сегментот на премиум производи, но додаде дека корисниците сè уште се многу заинтересирани за серијата уреди Galaxy S24.