Samsung Galaxy A80 со механизам што ја “крие“ камерата

28

Фото: Samsung

Јужнокорејската компанија Samsung неодамна го претстави новиот модел Galaxy A80. Се движиме од “ерата на селфи“ кон “ерата на животот“, каде луѓето негуваат повеќе значајни врски, стои на официјалниот блог на Samsung.

Она по што овој паметен телефон ќе биде препознатлив е ротациската камера со механизам на лизгање. Овој механизам “ја сокрива“ камерата внатрешниот дел на телефонот, па кога корисникот ќе сака да ја користи, таа се “лизга“ и ротира.

Galaxy A80 има екран, што ја прекрива скоро целата површина од предната страна на телефонот, а во него е интегриран скенер за отпечаток од прст.

Батеријата има капацитет од 3.700 mAh, можност за супер брзо полнење од 25W, но нема опција за безжично полнење.