Samsung го претстави новиот TВ екран со Real 8K резолуција

59

Компанијата Самсунг Електроникс денес во рамки на прес-конференцијата која ја одржа на ИФА 2018 во Берлин го претстави новиот Q900R QLED 8K телевизор со 8K AI зголемување на резолуцијата. Достапен во четири ултра-големи различни димензии на екранот (65”, 75”, 82” и 85”), Самсунг QLED 8K телевизорот ќе има неколку 8К подобрувања, вклучувајќи QLR8K, Real 8К резолуција и 8К Quantum процесор, сите создадени за да ja доведат 8К сликата во живот. Новиот Самсунг QLED 8K ТВ екран ќе биде достапен во продавниците од крајот на септември оваа година.

QLED 8K моделот на Самсунг, со 8K AI зголемување на резолуцијата, е дел од долгорочната визија на компанијата за воведување на 8К резолуција како единствена на пазарот која нуди најпрецизна и најточна слика на екранот.

“Ние во Самсунг неуморно работевме во текот на годинита за да ја придвижиме индустријата напред кога станува збор за премиум квалитет на сликата, а воведувањто на нашиот QLED 8K  со 8K AI зголемување на резолуција е дел од иднината на дигиталните екрани. Возбудени сме да го претставиме новиот Q900R на потрошувачите и воедно сме убедени дека тие нема да доживеат ништо помалку од слика во јасна и брилијантна боја како и одличен звук на нашите нови 8K модели.“- изјави Јонгсук Чу, Сениор Потпретседател на Бизнисот со Визуелни Екрани во Компанијата Самсунг Електроникс.

За да се постигне слика со 8K квалитет, Самсунг Q900R нуди реална 8К резолуција со 4.000 нити највисоко ниво на осветленост – стандард кој го исполнуваат поголемиот дел од филмските студија низ светот. Оваа функција овозможува телевизорот да произведе четири пати повеќе пиксели од обичен 4К UHD телевизор, и 16 пати повеќе пиксели од FHD телевизор. Q HDR 8K моделот надополнет со HDR 10 + технологијата, ги оптимизира нивоата на осветленост на телевизорот и произведува беспрекорни бои и слики. Оваа технологија е вградена со цел сликата да биде доловена онака како што би изгледала во живо.

Патентираната 8К AI технологија на Самсунг е базирана на вештачка интелегенција и е исто така опремена со квалитетна слика и звук кои се компатибилни со 8К без оглед на нивниот оригинален формат и квалитет. Без разлика дали корисникот гледа содржина преку “стриминг“ услугата, “set top box“, “HDMI” или “USB” приклучок, 8K Quantum процесорот секогаш ќе ја препознае и зголеми резолуцијата и истата ќе се прикаже во 8K квалитет. Дополнително, Q900R моделот вклучува Direct Full Array Elite функција за подобрен контраст и прецизна контрола на позадинската светлина, како и 100% Волумен на Бојата овозможувајќи им на корисниците да ги воочат милионите нијанси на бои со најголема и најчиста прецизност на боја видена до сега.

Фокусирајќи се на корисниците, Q900R моделот нуди широк спектар на нови функции кои овозможуваат поинакво коистење на ТВ екраните и највисок квалитет на сликата и тонот. На пример, телевизорот препознава и анализира голем борј уреди за забава, како што се аудио уредите поврзани преку оптички кабел со One Remote, притоа одбирајќи  најсоодветен извор на ТВ слика и аудио аутпут за оптимизирано искуство при гледањето на содржини.

Амбиенталниот режим е исто така подобрен за беспрекорно вклопување на ТВ екранот во средината преку прикажување прекрасни слики, временска прогноза, вести и најразлични информации. Со One Invisible Connection “невидливата“ поврзаност од 5 метри која вклучува оптички кабел, Самсунг им овозможува на корисниците поедноставно да го постават својот ТВ екран на посакуваното место. Паметните подобрувања пак, како SmartThings дополнително овозможуваат пристап до информации кои би им го олесниле животот на потрошувачите. Универзалниот водич, исто така обезбедува и едноставни препораки за лесно наоѓање содржини во живо и “ОOT“ содржини на самиот телевизор.

Компанијата Самсунг Електроникс ќе ги прикаже своите последни достигнувања и продукти од својата ТВ и аудио палета на нивниот штанд на Саемот за потрошувачка електроника ИФА 2018 во City Cube Berlin.