По две години преговори, Хрватско електростопанство (ХЕП) доби три понуди за изградба на третиот блок на термоцентралата Пломин. ХЕП не сака да откие кои се имињата на понудувачите, но се нагаѓа дека понуди дали три конзорциуми – јужнокорејската компанија Daewoo со своите партнери, јужнокорејската Samsung и италијанската Edison и јапонската Marubeni со француската компанија Алстом, пишува Јутарњи лист.
Без оглед на тоа со кој конзорциум на крајот ќе биде потпишан договорот, ова ќе биде најголема далекуисточна инвестиција во Хрватска. Се проценува дека инвестицијата во Пломин ќе изнесува меѓу 800 милиони и една милијарда евра.
ХЕП заедно со избраниот конзорциум ќе основа заедничка фирма која ќе управува со целиот проект и по пуштањето во работа на третиот блок, со него ќе управуваат 20 години. Во третиот блок годишно ќе се произведуваат 3,5 до 4 TW часови електрична енергија. ХЕП е обврзан половина од струјата да ја купи за свои потреби, а остатокот заедничката фирма ќе го продава на пазарот.