Samsung ќе отвори 80.000 нови работни места по мегаинвестиција од 356 милијарди долари

123

Технолошкиот гигант Samsung планира да инвестира речиси 360 милијарди долари до 2026 година за да го подобри својот бизнис – од чипови до биотехнологија. Ова го соопшти јужнокорејската компанија, цитирана од CNN Business.

Конгломератот, исто така, ветува дека ќе создаде импресивни 80.000 нови работни места до 2026 година, главно во секторот полупроводници и биофармацевтски производи.

Групата се фокусира на Samsung Electronics, бисерот во круната на растечката империја вредна повеќе милијарди долари која опфаќа бродоградба, технологија, здравје и финансии.

Најголемиот светски производител на паметни телефони, екрани, мемориски чипови и потрошувачки апарати покажа минатата година проекти за инвестирање 151 милијарда долари до 2030 година, со цел да се навлезе подлабоко во производството на модерни чипови.

Голем дел од ова финансирање ќе оди во одделот за полупроводници, при што компанијата има за цел да се натпреварува со Intel Corp. и Taiwan Semiconductor Manufacturing Co. во производството на чипови за меѓународни имиња како што е Nvidia Corp. и Qualcomm Inc. Компанијата планира да го подобри и развојот на 6G.

Samsung, исто така, објави дека во Јужна Кореја ќе бидат потрошени речиси 290 милијарди долари, а остатокот од парите ќе бидат инвестирани во странство.