Samsung ќе отвори истражувачки центар за вештачка интелигенција

41

sam

Фото: Samsung

Компанијата Samsung Electronics соопшти дека ќе отвори центар за истражување и развој на технологии базирани на вештачка интелигенција коишто ќе бидат имплементирани во нивните идни производи, пишува Cnbc.

Јужнокорејскиот електронски гигант ги прави овие мали организациски промени со цел брзо да одговори на промените на пазарот.

Хјунсук Ким, кој е шеф на одделот за потрошувачка електроника, ќе го предводи истражувачкиот центар.

Примената на вештачка интелигенција во електронските уреди најмногу напредуваше во областа на виртуелни асистенти, а Samsung го има дигиталниот асистент Bixby.