
Јужнокорејскиот конгломерат „Samsung“ планира да инвестира 310 милијарди долари во следните пет години со фокус на вештачка интелигенција (AI), објави АФП.
„Samsung“ е меѓу водечките светски производители на чипови, обезбедувајќи клучни компоненти за инфраструктурата за вештачка интелигенција.
Јужна Кореја е исто така дом на „SK Hynix“, уште еден голем играч на пазарот на полупроводници.
Инвестициските планови вклучуваат изградба на нов погон за производство на чипови дизајниран „да ги задоволи потребите на растечката побарувачка за мемориски чипови“, соопшти „Samsung“.
Откако ќе работи со полн капацитет, „се очекува фабриката Пјонгтек да игра уште постратешка улога и во глобалниот синџир на снабдување со полупроводници и во екосистемот на чипови во Јужна Кореја“, се вели во соопштението. Новата линија треба да започне со работа во 2028-ма година.
Одделот за ИТ и логистика на групацијата, исто така треба да изгради два центри за податоци за ВИ во Јужен Џеола и Гуми.
„Samsung“ е мрежа од поврзани компании со сложени вкрстени акции под брендот „Samsung“ и не е единствена холдинг компанија. Тоа е најголемиот семеен конгломерат кој доминира во корејската економија.
Инвестициските планови вклучуваат и проекти кои не се директно поврзани со вештачката интелигенција. Како дел од програмата, одделот за батерии за електрични возила, ја истражува можноста за воспоставување внатрешна производствена линија „за батерии од следната генерација, вклучувајќи и батерии во цврста состојба“.











