
Samsung Electronics ја врати водечката позиција во глобалната продажба на паметни телефони само пет месеци откако му ја отстапи на „Apple“.
За потсетување, Apple го зазеде глобалното прво место во продажбата на паметни телефони во септември 2023-та година, а последователната анализа на целата година ја потврди нејзината позиција.
Сепак, според Korea Times, Samsung сега го вратил тронот. Врз основа на податоците за февруари 2024-та година, публикацијата известува дека Samsung постигнал удел од 20% од глобалниот пазар.
Во истиот месец, Apple зазеде 18% од пазарот. Apple продаде 17,41 милиони iPhone уреди, додека Samsung продаде 19,69 милиони смартфони.
Но, како што е наведено од Apple Insider, ниту Samsung ниту Apple всушност не можат да се пофалат дека се број еден, барем не предолго, имајќи предвид дека таа позиција често се менува. Овие промени најмногу се поврзуваат со лансирањето на нови уреди, кои, логично, поттикнуваат скокови во продажбата.
Заземањето на „Apple“ на првото место се должи на iPhone 15, а потоа дојде серијата Galaxy S24 на Samsung.
Така, првото место на Apple во септември 2023-та година се должи на лансирањето на серијата iPhone 15, а Samsung победи во февруари поради лансирањето на најновата серија Galaxy S24. Korea Times објави дека Samsung досега има продадено 6,53 милиони телефони Galaxy S24 на глобално ниво.
Сепак, преземањето на првата позиција од страна на Apple во текот на 2023-та година може да биде позначајно. Имено, Samsung во текот на целата година најчесто има предност пред Apple бидејќи продава многу повеќе различни модели на смартфони по различни нивоа на цени.
Но, генерално, продажбата на паметни телефони опаѓа ширум светот, особено во Кина. Apple сè уште беше на врвот на топ листите во Јапонија според најновите податоци од март оваа година, но и тој пазар се намали.











