Samsung со 8,2 милијарди долари добивка го заврши третиот квартал

29

Технолошкиот гигант Samsung соопшти дека во последниот квартал оствари раст на добивката благодарение на сегментот со мемориски чипови и побарувачка за мобилни телефони.

Нето профитот е зголемен за 49% во однос на претходната година, на 8,2 милијарди долари во третиот квартал од оваа година. Приходите, како што се наведува, се зголемени за 8% во споредба со истиот период лани.

Продажбата на паметни телефони има удел од скоро 50%, а голем пораст е регистриран и кај продажбата на апарати за домаќинство.

Фото: Pixabay