Samsung со силен раст на добивката во последното тримесечје од 2020 година

28

Јужнокорејскиот технолошки гигант, Samsung Electronics оствари силен раст на добивката во последното тримесечје од минатата година, но очекува послаби резултати на почетокот на оваа година, поради слабиот долар и неизвесност што ги создава новиот бран од пандемијата.

Нето добивката на водечкиот производител на чипови и паметни телефони во последното тримесечје се зголеми за 26,4% на шест милијарди долари, поттикната од силната побарувачка за чипови и екрани во време на пандемија.

Оперативната добивка на компанијата порасна за 26,35%, а приходите се зголемија за 2,78%.

Се проценува дека побарувачката за чипови и паметни телефони ќе остане силна и на почетокот на 2021 година, но се изразено воздржани во рамки на “супер циклусот“, што според аналитичарите би требало да почне оваа година.

Фото: Facebook