Сан Франциско ќе наплаќа возење по кривулестата улица Ломбард

27

Властите во Сан Франциско донесоа едногодишна пилот мерка за наплата на резервација за возење низ култната улица преполна со кривини – Ломбард, пишува Cbslocal.

Целта на оваа мерка е да се намали метежот што се создава од илјадниците туристи особено во текот на летниот период. Па така, туристите кои ќе сакаат да поминат низ улицата Ломбард, во период од девет до 21 часот, ќе треба да платат пет долари во работен ден и 10 долари за викенд или празник. Жителите и доставувачите на производи се изземени од оваа мерка.

Проценките покажуваат дека по кривулестата улица, во текот на летниот период, поминуваат најмалку 6.000 луѓе. Инаку, улицата Ломбард е еднонасочна и долга само 180 метри.

Фото: Pixabay