Сараево доби хотел Residence Inn by Marriott

12

saraevo

Минатата недела, во Сараево официјално беше отворен хотелот Residence Inn by Marriott. Сместен во центарот на градот, ова е прв меѓународен хотелски бренд присутен на пазарот на БиХ и прв од ланецот Marriott хотели отворен на Балканот, јавува Радио Сараево.

Хотелот располага со 75 елегантно наместени и пространи еднособни и двособни апартмани со сите содржини и услуги кои 24 часа ќе им бидат достапни на хотелските гости.

Residence Inn by Marriott е член на Marriott International, светска комапнија која има преку 4.000 хотели во 74 земји во светот.

Фото: Дамир Хајдарбашиќ