Сараевска пивара почна со производство на Oettinger пиво

55

dlg-flaschen_2015_3HdBGq6E_f

Сараевска пивара почна со производство на најпродаваното германско пиво Oettinger. Пивото наскоро ќе се најде на пазарот на БиХ, а Сараевска пивара освен за БиХ, ќе произведува и за Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, пишува Независне новине.

“Големата инвестиција во опрема, кадровско оспособување на работниците кои со своето знаење овозможија имплементација на најмодерни процеси, процедури и стандарди, резултираше со потпишување на договор за лиценцирано производство на Oettinger. Ова е уште еден доказ дека Сараевска пивара произведува пиво според највисоките европски стандарди за квалитет”, изјави генералниот директор на Сараевска пивара, Харис Кускуновиќ.

Oettinger групацијата е една од најголемите во Германија. Групацијата е меѓу најголемите германски извозници, а пивото се продава во преку 100 земји.