Саудиска Арабија ги отвора вратите за странски туристи

102

Саудиска Арабија конечно ќе понуди визи за странски туристи како дел од социјалните и економски реформи во земјата.

Жители од вкупно 49 земји од утре ќе можат онлајн да аплицираат за виза. Фокусот ќе биде ставен на Кина, Јапонија, Европските земји и САД.

Жените туристи нема да биде обврзани да носат абаја (муслимански фустан наметка) којшто е задолжителен за жените од Саудиска Арабија кога се во јавност.

Иако дестинацијата е помалку контроверзна, сепак тамошните власти се надеваат дека туристите ќе дојдат во голем број и ќе уживаат во историски градови, пустинските и планинските предели, азурните водите на Црвеното море и слично.

Престојот нема да биде евтин – се проценува дека во просек дневно на еден турист ќе му требаат од 110 до 243 евра, пишува DW.

Реформската програма којашто се спроведува во земјата има за цел да ја “ослободи“ економијата од зависноста од нафта и да создаде нови работни места за младите.

Властите се надеваат дека до 2030 година ќе има 100 милиони посети годишно како од домашни така и од странски туристи и 500.000 нови хотелски соби.

Фото: Pixabay