Саудиска Арабија и Бахреин донираат 400 милиони долари за изградба на Градски Центар Сараево

44

Градски Центар Сараево е наречен големиот проект кој ќе се гради во главниот град на Босна и Херцеговина. Изградбата на овој центар ќе биде финансирана од Интернационалната Инвестициска Банка, инвестициска компанија со седиште во Бахраин и Al Shiddi Group, бизнис корпорација од Саудиска Арабија, специјализирана за конструкција.

Трговскиот центар се очекува да биде отворен во септември 2013, додека двете кули кои ќе бидат поврзани со внатрешниот дел ќе бидат отворени набргу потоа.

Главното здание ќе биде трговски центар и комплекс за забава кој што ќе биде на пет нивоа и ќе зафаќа површина од 49.500 метри квадратни.

Трговскиот центар е веќе целосно изнајмен со потпишувањето на последниот договор. Втората кула ќе биде наменета за хотел со пет ѕвезди, кој што ќе брои 224 соби и ќе се простира на површина од 13.900 метри квадратни. Според локалните известувања луксузниот хотел ќе биде менаџиран од компанијата Ротана.