Саудиска Арабија и ОАЕ воведуваат заедничка крипто валута

24

Фото: Pixabay

Централните банки на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (OAE) претставија заедничка крипто валута којашто би требало да ги олесни плаќањата помеѓу двете земји.

Пилот програмата ќе “испита“ дали со неа ќе се намалат трошоците за дознаки користејќи заедничка дигитална валута наречена Aber, пишува Coin Desk. Проектот, исто така, ќе разгледа дали blockchain системот може да дејствува како “дополнителна резерва“ за домашните плаќања.

Во првите фази од програмата ќе се тестираат техничките аспекти, а дигиталната валута ќе се користи само од страна на одредени банки во Саудиска Арабија и ОАЕ.

Доколку нема ограничување од технички аспект ќе се пристапи кон разгледување на економски и законски мерки за нејзина поширока употреба во иднина.