Саудиска Арабија издвојува 80 милијарди долари за инвестициски фонд поврзан со мегапроектот „Neom“

156

Саудиска Арабија издвои 300 милијарди риали (80 милијарди долари) за инвестициски фонд поврзан со мегапроектот „Neom“ за да инвестира во компании кои ќе работат на него.

Средствата со кои располага инвестицискиот фонд потенцијално би можеле да пораснат до 400 милијарди ријали, изјави за новинарите принцот Мохамед бин Салман. Тој за прв пат детално го претстави планот за финансирање на „Neom“, еден од најголемите и најкомплексните градежни проекти во светот, пишува Bloomberg.

Првата фаза од проектот, која ќе трае до 2030 година, ќе чини 1,2 трилиони ријали, од кои половина ќе бидат издвоени од државниот фонд, изјави саудискиот принц. Официјалните лица ќе соберат 600 милијарди ријали со помош на други државни фондови во регионот, приватни инвеститори во Саудиска Арабија и во странство и со котирање на самиот проект на берзата.

Според Мухамед бин Салман, планот е Саудиска Арабија да се најде меѓу трите најголеми берзи на планетата. Тој додаде дека очекува „Neom“ да биде котиран околу 2024 година и дека проектот би можел да ја зголеми вредноста на берзата за повеќе од трилион ријали.

Принцот ја објави својата одлука пред светските инвеститори, вклучително и основачот на Bridgewater Associates, Реј Далио, Тим Колинс од Ripplewooda, саудискиот принц Алвалид бин Талал и кувајтскиот милијардер Мохамед Алшаја.

Како дел од проектот, Бин Салман неодамна претстави план за згради близнаци кои се протегаат на повеќе од 100 километри и можат да сместат цел град од девет милиони луѓе.

На прашањето зошто го прави „Neom“, принцот изјавил дека неговиот план за обнова на Саудиска Арабија предвидува зголемување на населението од сегашните 34 милиони на 50 или 60 милиони до 2030 година. Половина од оваа популација ќе бидат странски државјани, додаде принцот, наведувајќи дека според сегашната демографска рамнотежа, странците сочинуваат речиси една третина од населението на оваа земја.

Според саудискиот принц, постои можност главниот град да биде пренаселен, а проектот „Neom“ ќе може да се грижи за 10 милиони жители. Планирано е 1,5 милиони луѓе да живеат во зградите близначки наречени „The Line“ до 2030 година.