Саудиска Арабија ја купува руската нафта поевтино и ја препродава на Запад по висока цена

16

Саудиска Арабија е меѓу земјите кои заработија од руската агресија врз Украина. Ефтино купува руска нафта, а потоа скапо ја препродава на Запад.

Западните санкции против Русија, поради нападот на Украина, предизвикаа зголемување на цената на речиси сите енергетски производи, вклучително и нафтата. Агенцијата Ројтерс објави дека Саудиска Арабија, која е најголемиот светски производител на нафта по Русија и Соединетите Американски Држави, двојно го зголемила увозот на руска нафта во вториот квартал од оваа година.

Освен што ја препродава, ја користи и за ладење на просторот и на тој начин успеа да ја продаде својата нафта по повисоки цени. Некои мислат дека оваа земја има екстра профит.

Русија не е единствената од која Саудиска Арабија купува нафта. Блумберг објави дека овој енергенс го купува и од Египет и од Естонија. Ова се објаснува со индиректниот извоз на руска нафта во земја на која не и е потребна руска нафта.

За време на минатонеделната посета на Саудиска Арабија, претседателот на САД, Џо Бајден побара да се зголеми испораката на нафта на Запад. На тоа не се согласиле Саудијците, велејќи дека тоа ќе зависи од пазарните правила, т.е. од побарувачката. Причината за тоа е што не сакаат да предизвикаат пад на цената на нафтата, која им е главен извор на приходи.

Блумберг на крајот на април пишуваше за Катар како земја која исто така имаше голема корист од руската агресија врз Украина. Се проценува дека испораката на гас од Катар оваа година треба да изнесува повеќе од 100 милијарди долари, што е првпат од 2014 година. Проценката е направена врз основа на трендовите од првиот квартал од оваа година. Ова ќе и овозможи на оваа земја да троши уште повеќе и нејзиниот државен фонд да изнесува 450 милијарди долари.

Имајќи ги предвид потребите на Европа од течен гас, во Катар започна реализацијата на проект вреден 30 милијарди долари со цел до 2027 година да се зголеми извозот на оваа енергија за 60 отсто.