Саудиска Арабија ја отвора берзата за странци

42

arab-stock-exchange

Саудиска Арабија планира да ја отвори својата берза за странски инвеститори во април 2015 година. Нејзината вредност се проценува на 509 милијарди долари.

Пазарот на Саудиска Арабија е еден од најзатворените берзански пазари во светот, а целта на отворањето треба да биде развој на останатите сектори кои не се поврзани со енергетика. Саудиската берза е најголема на Блискиот исток, но на инвеститорите кои не се од шесте околни земји до сега не им беше дозволено директно да учествуваат на тамошниот пазар, пишува IBT.

Новиот закон ќе им дозволи тргување само на фирмите кои имаат најмалку пет милијарди долари имот и пет години искуство во ваквото работење, а странската сопственост ќе биде ограничена на 49%.