Саудиска Арабија ќе ги намали испораките на нафта за Кина поради слабата побарувачка

72

Саудиска Арабија ќе ја намали испораката на нафта за Кина во декември поради слабата побарувачка, јавува Ројтерс повикувајќи се на анонимни извори.

Се проценува дека Саудиска Арабија ќе испорача 36,5 милиони барели нафта во Кина следниот месец, што е помалку од очекуваните 37,5 милиони барели во ноември и од октомвриските 46 милиони барели.

Арамко, саудискиот државен гигант, минатата недела ја намали цената на својата сурова нафта што треба да биде испорачана во декември на азиските пазари.