Саудиска Арабија откри нови наоѓалишта на природен гас

73

Две нови наоѓалишта на природен гас во источниот регион на земјата откри саудиската нафтена компанија „Арамко“.
Оваа информација  ја потврди министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Абдулазиз бин Салман.

Најновите наоѓалишта ќе дадат значаен придонес во енергетските стратегии на земјата, а исто така ќе ги зајакнат резервите на природен гас во кралството, објави државната новинска агенција SPA.
Првото откриено гасно поле, Автад, се наоѓа југозападно од гасното поле Гавар, 142 километри југозападно од градот Хофуф.

Второто гасно поле, Ал-Дана, се наоѓа на 230 километри југозападно од градот Даран.