Саудиска Арабија планира брегот на Црвеното море да го претвори во луксузен ресорт

58

red-seaФото: Pixabay

Саудиска Арабија планира брегот на Црвеното море да го претвори во луксузен ресорт со хотели и да стане светска туристичка дестинација. На овој начин планира да ја намали зависноста на земјата од нафтените приходи, пишува Bloomberg.

Објавениот план предвидува изградба на стотина хотели и туристички ресорти, но и сообраќајна инфраструктура на неразвиениот брег на Црвеното море.

Проектот ќе се простира на 30.000 метри квадратни, а градежните работи ќе започнат кон крајот на 2019 година и првата фаза треба да биде довршена до 2022 година.

Првата фаза вклучува развој и градење на хотелски и луксузни станбени објекти и логистичка инфраструктура (копнен, воден и воздушен сообраќај). Дел од средствата за овој проект ќе ги обезбеди саудискиот државен инвестициски фонд, а дел од проектот ќе се реализира во партнерство со странски компании.

Саудиските власти очекуваат овој проект на земјата да ѝ донесе четири милијарди долари и ќе се вработат 35.000 луѓе. На туристите од повеќе држави во светот нема да им биде потребна виза, а за оние на кои ќе им биде потребна, ќе биде достапна преку интернет.