Саудиска Арабија развива транспорт и логистика вредни 147 милијарди долари

Саудиска Арабија планира да вложи 147 милијарди долари во транспорт и логистика до 2030 година, бидејќи престолонаследникот Мохамед бил Салман настојува Кралството да го претвори во најголем транспортен центар.

Околу 35% од тој износ ќе го обезбеди владата, а остатокот приватниот сектор, додека властите во исто време вложуваат во нови меѓународни авио линии, ги прошируваат аеродромите, градат и ја шират железничката мрежа и развиваат нови технологии, пренесува Bloomberg.

Плановите се дел од стратегијата што ја најави принцот Мохамед бин Салман со цел да се диверзифицира економијата на најголемиот светски извозник на сирова нафта. Властите сакаат главниот град Ријад да го претворат во глобален бизнис центар, привлекувајќи 100 милиони туристи годишно до крајот на деценијата.

Фото: Pexels