Саудискиот министер за финансии предупреди на негативните економски ефекти од војната во Газа

15

Саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан повика на стабилност на регионот на Блискиот Исток, предупредувајќи на негативните ефекти од војната меѓу Израел и Хамас врз глобалната економија.

Ал Џадан на специјалната средба на Светскиот економски форум (СЕФ) во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, рече дека војната во Појасот Газа, заедно со конфликтите во Украина и во другите делови на светот, има негативна влијание врз економските движења бидејќи, како што наведе, конфликтите создаваат неповолна средина за економски иницијативи, објави телевизијата Саудиска Ал Арабија.

Тој посочи дека на регионот на Блискиот Исток му е потребна стабилност, предупредувајќи дека поради воените конфликти светската економија веќе се соочува со побавен раст и повисоки каматни стапки.