Саудискиот принц втор најголем акционер во Twitter

42

Pursuing Saudi Prince Alwaleed Bin Talal At London's High CourtСаудискиот принц Алвалид бин Талал со својата инвестициска компанија Kingdom Holding стана втор по големина акционер во Twitter, откако инвестираше 50 милиони долари за да го зголеми двојно својот удел на 0,72% во американската компанија.

Според соопштението од неговиот кабинет, принцот сега поседува повеќе од 5% од популарниот микроблогинг сервис, пишува The Guardian.

Саудискиот милијардер лично има удел од 4,45% во Twitter, според пресметките на Ројтерс.

Принцот и Kingdom Holding, каде тој поседува 95%, првично инвестираа 300 милиони долари во сервисот во 2011 година.

Twitter почна да котира на Њујоршката берза во ноември 2013 година. Неговата пазарна капитализација според податоци на Ројтерс изнесува 18,7 милијарди долари.