Scotty – систем кој “телепортира” објекти од една локација на друга

59

Scotty-3D-Printer

Германски научници создадоа систем наречен Scotty, кој “телепортира” објекти од една локација на друга користејќи 3D принтери.

Системот на научниците од Хасо Платнер Институтот во Потсдам не дематеријализира и реконструира како во филмовите Ѕвездени патеки, туку се потпира на скенирање и 3D печатење, пишува The Guardian.

Системот го скенира предметот слој по слој, а потоа информациите ги пренесува до 3D печатач, кој понатаму прави копија на оригиналниот објект, слој по слој, “пренесувајќи” го од едно место до друго.

“Создадовме ‘телепортер’ кој може да поместува неживи физички предмети преку големи далечини. Доволно е корисникот да го стави предметот на одреденото место, да ја внесе адресата и да стисне ‘испрати'”, објаснуваат од тимот.

Scotty може да им биде од голема корист на компаниите кои сакаат да продаваат предмети направени со 3D принтер.