Се конфискува песок, камчиња и школки “украдени“ од крајбрежјето на Сардинија

100

Песокот собран од куферите на туристите кои заминуваат од Сардинија се враќа на неговото место, на крајбрежјето на овој италијански остров, пишуваат тамошните медиуми.

Локалните власти во соработка со експерти за заштита на животната средина соработуваат со аеродромот Olbia за да го вратат песокот, камчињата и школките конфискувани од багажот на патниците кои биле на плажите на Сардинија.

Управата на аеродромот спроведува систематски проверки на багажот на патниците за да не им дозволи да прошверцуваат песок, што се казнува со казна од 500 до 3.000 евра.

Во последните 10 години се запленети околу 10 тони песок, а на годишно ниво службениците на аеродромот запленуваат околу два тона украден песок.

Фото: Pixabay