Се менува врвот на водечките светски стартап екосистеми

56

Силиконската долина сè уште е најголемиот и најважен стартап екосистем во светот, а второто место го делат Њујорк и Лондон, според рангирањето објавено од „Startup Genome“.

Startup Geonme објави извештај за 2023 година за глобалниот стартап екосистем (Global Startup Ecosystem Report – GSER).

GSER обезбедува увид во водечките светски стартап екосистеми, развојните трендови и клучните предизвици со кои се соочуваат претприемачите. Вклучува и рангирање на водечките светски технолошки стартап екосистеми.

Оваа година, Бостон и Пекинг не се во првите пет водечки екосистеми за стартап компании. Во однос на лани, 2022 година, тие паднаа за две позиции (сега ги заземаат 6-то и 7-мото место).

Од друга страна, Лос Анџелес се искачи на 4то место на листата, а Тел Авив на 5то место.

Сингапур за прв пат влезе во првите десет на водечките стартап екосистеми и сега е на 8-мо место (минатата година беше на 18-то).

Во однос на лани, Мајами напредуваше дури десет места и сега е на 23. место.

Сите водечки кинески екосистеми паднаа во целокупното рангирање: Шенжен падна за 12 места (сега на 35-то), Пекинг две места (сега на 7-то), и Шангај едно место (сега на 9-то место на листата).

На добра страна, индиските екосистеми продолжуваат да растат. Мумбаи се искачија пет места на 31. позиција, Бенгалуру-Карнатака и Делхи напредуваа по две места на 20. и 24. место.

Мелбурн напредуваше за шест места во однос на минатата година, на 33. место.

Австралискиот стартап екосистем доживеа зголемување на вредноста на екосистемот за 43 проценти на 25 милијарди долари.