Се очекува да паднат цените на гасот

8

Европската комисија (ЕК) очекува пад на цената на гасот поради зголемување на понудата на течен природен гас (ТПГ), што отвора можност за инвестиции во обновливи извори на енергија, изјави во вторник претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

Таа изјави дека во енергетската криза се инвестирале многу и дека на пазарот доаѓа голем бран нови извозни проекти за ТПГ. Според неа, можно е глобалниот недостиг на течен природен гас да се претвори во негова спротивност, односно во ситуација кога ќе има изобилство на ТПГ, пишува Ројтерс.

„Затоа очекуваме да паднат цените на гасот“, рече претседателот на Европската комисија. Европските фјучерси на гас се тргуваа во вторник на берзата ТТФ по цена од 29,315 евра за мегават час.

Испораките на TPG во Европа во февруари изнесуваат 9,74 милијарди кубни метри, што е за 8,1 отсто помалку отколку во јануари и во исто време најмалку од септември 2023 година, покажуваат податоците на Асоцијацијата на европски оператори со гас (GIE).