Се очекува дека ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки

Федералните резерви на САД (ФЕД) го започнуваат дводневниот состанок на Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC). Според прогнозите на речиси сите американски аналитичари, FOMC вторпат по ред нема да ја промени главната каматна стапка на ФЕД, која пред септември ја зголеми единаесет пати во година и половина.

Централната каматна стапка во моментов е меѓу 5,25 и 5,50 отсто.

Не очекуваме промена на каматната стапка во ноември, но добрите податоци за приватната потрошувачка и опстојувањето на инфлацијата предвидуваат можност за ново зголемување на основната стапка во декември, објавија аналитичарите на Bank of America пред состанокот.