Се очекува драматичен пад на доларот

47

Доларот би можел да падне нагло во средината на јануари, бидејќи Федералните резерви на САД ќе “внесат“ речиси 500 милијарди долари во американската економија во текот на еден месец.

Аналитичарите сметаат дека мешањето на Федералните резерви во финансискиот систем на државата достигна епски размери, како резултат на зголемената закана од криза во банкарскиот сектор, споредлива со она што се случи во 2008 година.

Минатата есен во САД ненадејно имаше криза со ликвидноста. На 16 септември, барањата на банките за краткорочни кредити на Федералните резерви одеднаш се зголемија од 27 милијарди долари на 53,2 милијарди долари. Ова доведе до зголемување на кредитните стапки од 2,29 % на 4,75 %. Следниот ден, банките аплицираа за заеми над 80 милијарди долари.

Притоа, самата стапка на федералните фондови (по која[to банките од резерви даваат краткорочни заеми на други банки) за прв пат го надминаа целниот опсег на Федералните резерви од 2,3 % и достигнаа 2,35 %.

Фото: Pexels