Оливер Блумe: Фолксваген го намалува производствениот капацитет за уште еден милион возила до 2028 година

Извршниот директор на „Фолксваген“, Оливер Блуме, денес објави значително намалување на производствениот капацитет за уште еден милион возила, бидејќи изјави дека претходните планови за продажба станале нереални во сегашните пазарни услови.

Компанијата веќе го намали капацитетот во Кина за еден милион автомобили годишно, додека во Европа, првенствено во брендовите „Фолксваген“ и „Ауди“, дополнителни намалувања треба да се спроведат до 2028 година.

„На овој начин, ќе преминеме од инвестициски капацитет од над 12 милиони на одржливи девет милиони возила годишно“, објасни Блуме во интервју за германскиот магазин „Менаџер“.