Се очекува “експлозија“ на Биткоин во октомври

174

Биткоин за 100.000 долари? Тоа е можно наскоро, според набљудувачите на пазарот. Најпопуларната криптовалута може да “експлодира“ во октомври, исто како и во 2013 година.

Искусниот трговец со криптовалути, Тон Вајс предвидува дека цената на биткоинот би можела да скокне до 100.000 американски долари до крајот на оваа година. Тој очекува повторување на профитот што го донесе Биткоин за инвеститорите од крајот на јули до почетокот на септември, кога криптовалутата порасна од 30.000 долари на 52.000 долари.

Тон Вајс ја заснова својата прогноза на сопствениот индикатор за пресврт на инерцијата (MRI).

“Со нетрпение очекувам да го видам ова повторно. Ова ќе нe одведе директно до нов највисок рекорд од 68.000 долари, или можеби малку помалку. Уште кон средината на ноември, очекувам огромен напредок во оваа област (68.000 долари) до зоната од 100.000 долари до крајот на годината“, предвидува Вајс.

Потенцијално, биткоинот би можел да го достигне своето највисоко ниво на почетокот на следниот месец, пред да направи параболичен премин кон шестцифрен опсег на цени до 2022 година, додаде Вајс.

Тој тврди дека БТК може да “експлодира“ во октомври, исто како и во 2013 година. Во меѓувреме, биткоинот веќе чини околу 43,310.60 долари, според CoinDesk.