Се очекува големо поскапување на горивата

Возачите на автомобили треба да се подготват за драстично зголемување на цените на горивото од 2027 година, проценува германскиот автомобилски клуб ADAC. Претседателот на ADAC, Кристијан Рејнике, изјави дека оттогаш може да се очекува значително зголемување на цените на CO2, во споредба со оваа и следната година, пренесува Дојче веле.

„Слично како и оваа година, очекуваме цените на горивата да се зголемат за максимум три центи по литар бензин и 3,1 центи за литар дизел во 2026 година.

Почнувајќи од 2027 година и во следните години, ADAC предвидува дополнителни зголемувања на цените до 19 центи за литар бензин и дизел – во зависност од тоа колку брзо напредуваат мерките за заштита на климата.