Се очекува намалување на бројот на вработени во трговијата на мало

82

Според оценката на раководители на деловни субјекти во трговијата на мало, од четвртото тримесечје од минатата година, се очекува бројот на вработени да се намали, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.

Според нив, индикаторот на доверба во трговијата на мало во четвртото тримесечје од минатата година е за 0,3 процентни поени повисок во однос на претходното тримесечје, а за 0,5 проценти поени повисок во однос на истиот период лани.

Оценката за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се зголемат. Продажните цени во четвртото тримесечје од 2019 година се намалиле во однос на претходното, а се очекува нивно стабилизирање во наредните три месеци.

Најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2019 година имале: недостигот на обучен кадар со 23,9%, зголемената конкуренција на пазарот со 19,1%,  зголемените трошоци за труд со 17,6% и слабата побарувачка од купувачите со 16,6%.

Фото: Pixabay