Се одложува атлетската трка HalkEco Хронометар 10KM

32

Поради зголемениот број на заболени од  КОВИД – 19 во последниов период и покрај тоа што протоколот за одржување на трката беше одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за Здравство, организаторите Сојуз на Спортови на Скопје и Атлетски Клуб Работнички од Скопје, известуваат дека не е добиено одобрение од МВР- ПС Центар трката  да се одржи на 13.06.2020 година.

Точниот датум на одржување на трката HalkEco Хронометар 10КМ ќе биде соопштен дополнително од страна на организаторите. На оние учесници кои што се пријавија да се натпреваруваат на првичниот датум, а нема да се во можност да се натпреваруваат на новиот датум, парите за котизација ќе им бидат вратени.

Од организацијата повикуваат на почитување на мерките за лична заштита и заштита на целокупното население за намалување на бројот на заболени.