Американскиот милијардер и филантроп Бил Гејтс се огласи за теориите на заговор во кои со месеци го обвинуваат за разни теми поврзани со коронавирусот.
“Тешко е да се негираат такви работи затоа што тие се толку глупави или чудни. Колку повеќе луѓето ги повторуваат, толку повеќе веруваат во нив“, рече Гејтс.
Тој најави донација од 1,6 милијарда долари од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс за глобалното истражување на вакцината против коронавирус.
Од почетокот на пандемијата, Гејтс е предмет на заговори кои го поврзуваат со коронавирусот.
Анкета на Yahoo News / YouGov покажа дека 28% од возрасните Американци веруваат во теориите на заговор, со кои се сугерира дека Гејтс планирал да ја употреби вакцината за Ковид-19 за масовна имплантација на микрочипови, што би служеле за контрола и следење на милијарди луѓе.
“Тоа е толку бизарно што ќе посакате да мислите дека е шега, но всушност ваквите приказни не се шега“, рече Гејтс.
Фото: Facebook