Никој не очекуваше дека најинтересното од средбите на Владимир Путин со Виктор Орбан, Емануел Макрон и Олаф Шолц ќе биде масата. Шест метри бела маса каде на спротивставени страни на шест метри седат Путин и неговите гости е вистински хит и со денови ја забавува светската јавност со разни мемиња. И сега се огласи мајсторот кој ја направи оваа моментално најпозната маса во светот.
Белата маса долга шест метри е направена во Италија, од мала семејна фирма. Тие опремија десетици други простории во Кремљ. Велат дека изработката на ваква маса денес би чинела приближно 100.000 евра.
Оваа маса е една од многуте артикли произведени во Италија од семејната компанија Oak.
Нејзиниот директор Ренато Полоња рече дека масата е само еден од многуте предмети што неговата фирма ги направила за Кремљ според договор во деведесетите.
Корисниците на Твитер се пошегуваа на темата на масата наведувајќи дека таа претставува лизгалиште, тениско игралиште, клацкалка, па дури и маса од Тајната вечера.
#Putin table collection #putintable pic.twitter.com/sPZA8YF6P9
— Sergei Sevriugin (@ColnagoRider) February 8, 2022
Полоња рече дека штицата била направена од едно парче буково дрво, а ја потпирале три издлабени дрвени греди. Лакирана е во бело и позлатена на рабовите.
„Доколку сакате да купите нешто слично денес, тоа би чинело приближно 100.000 евра. Беше прекрасно насекаде да се видат фотографии од масата. Да се надеваме дека тоа ќе донесе среќа и ќе спречи војна“, порачува Италијанецот.
Компанијата опреми 7.000 квадратни метри во Кремљ на два ката вклучувајќи ги и приватните простории на претседателот.
Полоња рече дека просторот бил уништен од Јосeф Сталин, па руските дизајнери ги пребарале архивите за да го вратат стариот изглед пред револуцијата во 1917 година.
Договорот бил вреден меѓу 40 и 50 милиони евра, а целиот мебел бил направен во Италија, а потоа транспортиран во Русија. Џиновски скенери биле користени за проверка на грешки пред да бидат внесени во Кремљ.
Тоа е најголемата поединечна нарачка што ја имала компанијата, но Полоња рече дека неговата компанија работела во целиот свет вклучувајќи ги и кралските палати во Брунеи и на Тајланд.
Oak е основан од дедо му, а денес вработува околу 50 работници.
„Ова е најдоброто од Италија – семејни компании во кои вештините се пренесуваат од генерација на генерација“, заклучи Полоња.











