Се огласи Мате Римац за веста дека Hyundai ја прекинува соработката

113

Мате Римац, основачот на Rimac Automobiles, ги демантираше шпекулациите дека Hyundai ги прекинува проектите со Rimac Group. Имено, тој на својот Фејсбук профил изјави дека и Hyundai соопштиле дека тоа нема да се случи. –

„Hyundai коментираше напис со лажни вести во кои се вели дека Rimac и Hyundai ја прекинуваат соработката поради соработката Porsche-Rimac. И Hyundai и Rimac рекоа дека тоа не е точно, но медиумите сè уште пишуваат за тоа. Па, тоа повеќе зборува за медиумите отколку за било што друго“, изјави Мате Римац.

„Hyundai и Kia продолжуваат да инвестираат во Rimac Group. Можеме да потврдиме дека неколку партнерски проекти моментално се водат на високо ниво“, изјави Hyundai за Auto Motor Sport.

Да потсетиме, на почетокот на мај се прошири информација дека Hyundai Motor ја прекинува соработката на проекти со Rimac Group откако хрватскиот производител ги продлабочи врските со Porsche.
Римац претходно негираше дека зголеменото влијание на Порше во компанијата предизвикало раздор со Hyundai.